ОДГОВОРОТ КОЈ ЦЕЛ СВЕТ САКА ДА ГО ЗНАЕ: Еве го главниот проблем со AstraZeneca. Да, може да биде опасно, но…

31 март, 2021
Original Impfampullen mit Impfstoff gegen Covid-19 Pandemie

Четири претходно здрави лица кои примиле вакцина AstraZeneca развиле потенцијално фатална тромбоза.

Европските и канадските научници можеби најдоа објаснување за ретката, но сериозна појава на згрутчување на крвта кај некои луѓе вакцинирани со вакцината AstraZeneca против корона вирусот, пишува британската агенција Ројтерс.

Се верува дека феноменот е сличен на оној кој ретко се случува со лекот за разредување на крвта хепарин, познат како тромбоцитопенија предизвикана од хепарин (ХИТ). Во оваа форма на тромбоцитопенија, лекот го активира имунолошкиот систем да произведува антитела кои активираат тромбоцити кои вообичаено предизвикуваат згрутчување на крвта.

И други лекови покрај хепаринот, исто така, можат да предизвикаат нарушувања на коагулацијата, кои се многу слични на ХИТ, а научниците сметаат дека во ретки случаи, вакцината AstraZeneca може да биде таков „активирач“.

Четири претходно здрави лица кои примиле вакцина AstraZeneca развиле потенцијално фатална тромбоза.

Европските и канадските научници можеби најдоа објаснување за ретката, но сериозна појава на згрутчување на крвта кај некои луѓе вакцинирани со вакцината AstraZeneca против корона вирусот, пишува британската агенција Ројтерс.

Придобивките ги надминуваат ризиците

Четири претходно здрави лица кои примиле вакцина AstraZeneca развиле потенцијално фатални згрутчувања и имале ист вид антитела кои активираат тромбоцити и активираат формирање на тромб во тромбоцитопенија предизвикана од хепарин, напишаа германските, австриските и канадските научници во студијата во понеделникот.

Трудот не го помина научниот преглед. Дваесет вакцинирани лица кои не развиле тромби немале такви антитела. Коментар објавен заедно со студијата забележува дека тромбоцитопенијата предизвикана од лекови може да се третира ако точно се дијагностицира.

Милиони луѓе ја примиле вакцината без никакви проблеми, а европските регулатори и Светската здравствена организација објавија дека придобивките од вакцината AstraZeneca ги надминуваат ризиците.