ОДГОВОРОТ ВИ Е ПРЕД НОС! ПРЕЉУБНИКОТ НЕСВЕСНО САМ СЕ ИЗДАВА! Прељубникот обично го носи ова парче облека!

18 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-18 224153

„Дали ме изневерува?“ е прашањето што многу луѓе го мислат кога ќе забележат нешто сомнително во однесувањето на нивниот партнер. Кога искрениот разговор не помага, многумина прибегнуваат кон не толку пофалните „копања“ по телефонот.

Сепак, најновата студија од Универзитетот во Мичиген, објавена во списанието „Personality and Social Psychology Bulletin“, открива полесен начин да откриете дали сте измамена сопруга – само погледнете во облеката на вашиот партнер.

Психолозите од Мичиген утврдиле дека мажите кои носат облека со големи ознаки на брендот, маици на кои „вреска“ големо лого, се повеќе склони кон прељуба, односно дека заведувањето им е поважно од било што и дека се поддржувачи на врските за една вечер.

Друга цел на оваа студија, предводена од психологот Даниел Кругер, беше да се утврди дали мажите кои носат нападна облека се попривлечни за жените или оние кои навистина можат да им обезбедат стабилна финансиска иднина.

Врз основа на резултатите, истражувачите заклучиле дека колку е поголемо логото, толку е поголема вистината дека мажот ќе биде прељубник. Таквите мажи се помалку заинтересирани за долгорочни романтични врски. Тие помалку ги привлекуваат жените кои сакаат сериозни врски на долг рок, во споредба со мажите кои носат маици со мало или без лого. Резултатите од студијата за жените кои учествуваа не беа премногу изненадувачки. Психолозите предупредуваат дека овој предмет на истражување е сложен и дека овие резултати мора да се земат со резерва.