Одобрена петтата вакцина против Kовид-19! Дали КОНЕЧНО се гледа крајот на короната?

15 март, 2021
vakcina-korona-kovid-doza-spric

Кина одобри и петта вакцина

Вакцината против Ковид-19 изработена од Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките (IMCAS), доби зелено светло за итна употреба во Кина, соопшти во понеделникот институтот, со што оваа земја ја доби петтата вакцина.

Вакцината ZF2001, која е во доцните фази на клиничкото испитување, насочено кон регрутирање на 29.000 учесници низ Кина, Узбекистан, Индонезија, Пакистан и Еквадор, беше одобрена за употреба во Узбекистан претходно овој месец.

Кинескиот закон за администрација на вакцини дозволува итна употреба на вакцини „во одреден опсег и време“ среде голема здравствена криза.

Од четирите вакцини одобрени од Кина за општа јавна употреба, три имаа одобрение за вакцинација во мали итни случаи пред да добијат дозвола за употреба во пошироката јавност.

Во соопштението на IMCAS не беше наведено кои групи ќе имаат пристап до вакцината.

Вакцината, која заеднички ја развија IMCAS и единицата за биолошки производи „Чонгкинг Зeифеи“, се покажа дека е безбедна и предизвикува имунолошки одговор во раните и средните фази на тестовите на луѓето, според трудот објавен минатата година пред експертски преглед.

Меѓу четирите вакцини одобрени од Кина за општа јавна употреба, три имаа одобрение за вакцинација во мали итни случаи пред да добијат дозвола за употреба во пошироката јавност.

Во соопштението на IMCAS не беше наведено кои групи ќе имаат пристап до вакцината.

escort - Korsan taksi