Ослободете се од МИРИСОТ НА ЦИГАРИ на природен начин!

28 август, 2021
412207_pusenje3_f

Природно ослободете се од мирисот на цигари

Ако барем еден член од вашето семејство редовно консумира цигари, непријатниот мирис на тутун ќе остави трајна „арома“ во просторот.

Еве неколку трикови како да се ослободите од овој мирис на природен начин.

Бел вински оцет

Белиот вински оцет е дефинитивно еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигарите. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа пребришете ги сите површини со крпа. Избришете ги масите, шкафчињата, полиците и другите места за складирање. Можете исто така да ги избришете подовите, прозорците. Ако мирисот на тутун е многу интензивен, можете да истурите оцет во чаша и да го оставите преку ноќ во собата.

Сода бикарбона

Содата ставете ја во сад, кој потоа ќе го ставите во просторот за пушење. Можете исто така да попрскате сода на подот и да ја оставите 24 часа, а потоа едноставно да ја исчистите со правосмукалка. На овој начин можете да се ослободите од мирисите од теписите, мебелот и фотелјите.

Мирисот на цитруси

Брзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од овој мирис со портокали и лимони. Излупете ги, исечете ги на парчиња, а потоа наредете ги заедно со семките на помали чинии. Ставете ги низ целиот стан и оставете ги да се исушат. Пријатниот мирис наскоро ќе го исполни просторот.

escort - Korsan taksi