ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ОД ЧЕВЛИТЕ! ТРИ едноставни начини за чевлите УБАВО ДА ВИ МИРИСААТ – еве што треба да направите!

9 јануари, 2022
312353_pphoto-of-person-wearing-converse-all-star-sneakers-2421374_f

Ако чувствувате непријатни мириси во вашиот ходник што доаѓаат од бројните чевли имаме одлично решение за вас. Со неколку едноставни трикови, тие ќе станат минато.

Причините зошто вашите чевли шират непријатен мирис може да бидат различни, како што се бактерии, габи, пот или други проблеми со нозете.

Ви носиме три начини како да спречите непријатните мириси да се шират од вашиот ходник.  

1. Сода бикарбона

Треба да истурите малку сода во чевлите навечер, да го отстраните вишокот наутро и ќе забележите дека мирисите се неутрализирани.

2. Песок за мачки

Најдете песок во продавниците за миленичиња или позајмете од вашето домашно милениче и ставете малку во памучен чорап. Ставете по еден чорап во секоја патика или чевла да стои цела ноќ и проблемот ќе биде решен до утрото.

3. Замрзнување

Ако ги ставите чевлите во пластична кеса, а потоа во замрзнувачот, бактериите ќе бидат уништени, и затоа нема да мора да се грижите за мирисот. Оваа постапка, сепак, не треба да се повторува често, бидејќи со текот на времето, гумата на ѓонот ќе почне да се распаѓа.