ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТАРЕЧКИТЕ ПЕГИ И ИЗЕДНАЧЕТЕ ГО ТЕНОТ: Само измешајте ги овие состојки и нанесете ги еднаш неделно на лицето! (РЕЦЕПТ)

10 мај, 2021
230943_shutterstock-1780080182_ls

Оваа маска се прави брзо и лесно, а доколку се користи редовно, може да го изедначи тенот

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој има корисен ефект врз кожата на лицето, поради што можете да го видите во многу анти-ејџ козметички производи.

Користењето на витамин Ц во корист на убавината може да ги намали знаците на стареење, да го намали ризикот од појава на црни и старечки дамки, да ја обнови кожата на лицето по сончањето и да го намали појавувањето на акни.

Како да се користи витамин Ц за нега на кожата на лицето на природен начин?

Едноставно е – направете органски прав од кора од портокал и маска што содржи витамин Ц.

Излупете портокали од органско потекло и исушете ја кората на сонце. По два дена, смелете ја исушената кора од портокал и направете прашок од неа. Со добиениот прав направете ја следната маска:

Состојки:

1 лажичка прав од портокал

1 лажичка мед

1 лажичка јогурт или урда

прстофат куркума

малку вода

Подготовка:

Добро измешајте и соединете ги сите состојки, па нанесете ги на лицето и држете ги околу 15 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода.

escort - Korsan taksi