ОСУМ „скокотливи“ работи за кои треба да разговарате со партнерот

13 октомври, 2021
5900600_shutterstock-311606123_ff

За да вашата врска може да функционира совршено, треба да има добра комуникација во неа. Тоа не значи само разговори за секојдневните работи, туку и оние за „скокотливи“ теми, како што е сексот.

Паровите кои зборуваат за сексот имаат 10. пати поголема веројатност да имаат среќна и квалитетна врска. Сепак, понекогаш е тешко секој да се отвори и да зборува за своите склоности и сексуални желби.

Ова се темите за кои партнерите мора да разговараат:

1. Како вашето семејство и воспитување ве научи да размислувате за сексот?

Идеално, родителите треба да не научат дека треба да имаме отворени, неосудувачки ставови за сексот. За жал, малку луѓе спаѓаат во оваа категорија. Одгледувањето строги, конзервативните родители можат да остават длабока трага.

Ако за сексот ви зборувале со негативна конотација, најверојатно нема да станете авантурист кој е подготвен да проба нови работи и да ужива во нив. За да го разберете вашиот партнер, треба да знаете на што се темели неговиот систем на верување.

2. Какво е вашето либидо?

Неизбалансираното либидо може да биде причина за големи проблеми. Ако сакате да си го олесните животот, изберете некој што сака секс толку често колку и вие. Ова може да биде потешко отколку што изгледа, бидејќи кога нешто е ново, желбите стануваат уште поголеми, а нашите тела и мозоци се преплавени со љубов и хормони.

3. Кои се вашите сексуални граници?

За некои луѓе, сексот е романса и интимност. За други, тоа е еротика и пробување нови работи. Таквите луѓе се за сите видови сексуални односи, а рутината им е најголем непријател.

Проверете кој тип е вашиот потенцијален партнер: Прашајте го кое е неговото омилено време за водење љубов, што е совршен секс за него и во што најмногу ужива? Потоа можете да започнете уште подетално истражување.

Зборувајте за сексуални граници, користење играчки, гледање порно заедно и многу повеќе. Колку подобро ќе се запознаете, толку ќе биде поотворена вашата врска.

4. Зборувајте за тоа што ви се допаѓа, а што не

Секоја личност има свои сексуални симпатии и антипатии: она што може да доведе еден љубовник на пат на екстаза и задоволство, лесно може да биде разочарување за друг.

Со читање на говорот на телото на вашиот партнер, можете да разберете што му се допаѓа, а што не, но многу подобар начин да ги разберете сексуалните потреби на вашиот партнер е да разговарате. Стравот од навреда на саканата личност обично е она што ги спречува луѓето да им кажат што да прават, а што не. Ако сакате да промените нешто што го прави вашиот партнер, кажете: „Би сакала да го правиш ова повеќе“, наместо: „Мразам кога го правиш тоа“.

5. Разговарајте за тоа што ви се допаѓа и како тоа може да ве доведе до кулминација

Направете чекор понатаму и признајте ги вашите најдлабоки, најмрачни желби, каприци и ќе го смените сексуалниот живот од „добар“ во „спектакуларен“. Кажете му што ве доведува до оргазам, но обидете се да откриете и што нему му треба. Таквото сознание ќе ви го промени животот.

6. Признајте ако сте имале лошо сексуално искуство

Секоја траума остава длабока ментална трага врз нас. Ако му верувате некому целосно и ако се чувствувате безбедно, споделете му ги вашите тајни. Ако вашиот партнер има екстремни или збунувачки реакции на сексот, можно е да доживеал некоја траума за која не разговарал со вас.

Бидете трпеливи, почекајте додека не изградите доверба, а потоа прашајте го дали сака да разговара со вас за тоа.

7. Разговарајте ако вашата врска западнала во рутина

Дури и паровите кои често зборуваат за секс можат да влезат во рутина. Повеќето парови имаат секс на ист начин. Сепак, нашите тела реагираат помалку ако постојано се подложуваат на иста стимулација. Ако не уживате во сексот како порано, на крајот ќе почнете да го избегнувате.

Разговарајте за тоа со вашиот партнер, обидете се да му ја претставите ситуацијата, а потоа понудете му малку да ги „загреете“ работите.

8. Променете ги работите, удоволете си себе си

Нормално е нашите вкусови да се менуваат со текот на времето. Она што не привлекувало минатиот месец, можеби сега не е интересно за нас. Направете листа на нови работи што можете да ги направите заедно. Ова ќе донесе нова енергија во вашата спална соба. По добро минати половина час, пофалете го партнерот, тоа ќе ја зголеми неговата желба следниот пат да отиде чекор подалеку.

escort - Korsan taksi