ОТКРИЕН УШТЕ ЕДЕН НОВ ВИД НА КОВИД-19: Нова мутација, расте бројот на заразени

22 март, 2021
lekar-laboratorija

Загрижувачка ситуација.

Белгиските научници изолирале мутација на вирусот ковид-19, која никогаш порано не била забележана, а која во моментов сочинува околу 4% од инфекциите во земјата.

Видот В.1.214 за прв пат беше откриен во јануари годинава, тој во моментов не е класифициран како „загрижувачка варијанта“, а истражувачите се скоро сигурни дека не станува збор за „белгиски вид“, но сметаат дека потекнува од субсахарска Африка.

Бројот на лица заразени со ковид-19 во Белгија постојано се зголемува, така што просечниот број на дневни инфекции оваа недела се зголеми за повеќе од 40 проценти во споредба со претходната недела.

Помеѓу 12 и 18 март, во просек имало 3.867 нови инфекции на ден, што претставува зголемување за 42 проценти во однос на претходната недела. „Зголемената стапка на инфекција и хоспитализација во Белгија останува крајно загрижувачка“, рече белгискиот министер за здравство Франк Вандербрук.

escort - Korsan taksi