Откриен е еликсирот на младоста: Совети кои ќе ви помогнат да останете млади!

22 август, 2021
елик

Иако не е можно да се запре стареењето, секако можеме да го забавиме, па луѓето започнаа да користат се повеќе биолошки активни соединенија од природно потекло – витамини, минерали, антиоксиданти и растителни пигменти.

Сите знаеме дека здравјето и убавината се директно поврзани, па доколку се воспостави рамнотежа во организмот, нашиот физички изглед ќе биде многу подобар. Витамини кои ја прават нашата кожа здрава и сјајна се А, Е и Ц, како и сите витамини од Б-комплексот. Од минералите, селенот, бакарот и цинкот се особено важни.

Добро избалансирана диета против стареење не е диета, туку треба да стане ваш животен стил.

Ова се храна која може да ви помогне да останете здрави и да изгледате младешки.

Омега 3 масните киселини играат важна улога во борбата против брчките и воспалителните процеси во телото. Оваа група на храна вклучува: лосос, бадеми, сардини, туна, харинга. Рибата содржи омега 3 и омега 6 масни киселини.


Јадете неколку ореви, лешници или бадеми секој ден. Тие содржат големи количини на антиоксиданти, витамин Е и незаситени масни киселини.
Пијте најмалку две чаши зелен чај на ден бидејќи овој чај е познат како чудотворец кога станува збор за спречување на болести и старост.


Ладно цедено маслиново масло е исклучително корисно. Маслинките содржат мононезаситени масти и витамин Е, кои го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат нивото на добар холестерол.


Јадете овошје и зеленчук секој ден. Изберете овошје и зеленчук од различни видови и бои. Имајте богати порции свежи сезонски салати на вашето мени секој ден. Овошјето и зеленчукот содржат големи количини на витамини и минерали кои значително го забавуваат процесот на стареење.
Пијте еден литар и до две течности дневно – најдобра опција е вода и зелен чај. Намалете ја потрошувачката на кафе и сокови. Дури и лесна дехидратација може да направи кожата да изгледа постара.