Откриени луѓе кои имаат супер-антитела против Ковид-19: Короната не им може ништо на нив, а се само 5% од популацијата!

14 март, 2021
880871_2447787-zoz748730012021-ff_ls

Во јули, менаџерот за комуникации од универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфакс, Вирџинија, 54-годишниот Јохан Холис открил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чијашто крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се разболат.

Тој беше многу изненаден кога дозна дека го победил Ковид-19, без да знае дека воопшто му влегол опасен вирус.

Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат коронавирусот, дури и ако таа крв е разредена 10 000 пати, изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе NBC.

„Се чини дека коронавирусот не може да го допре Холис“, рече Лиота.

Тоа е медицински феномен што може да се најде кај помалку од пет проценти од популацијата кои биле во контакт со Ковид, покажа студијата, што ја прави крвта на Холис важен извор во потрагата по лек за оваа болест.