ОТКРИЕНО БРЗО РЕШЕНИЕ ЗА ОПЕКОТИНИТЕ ОД СОНЦЕ: „По 30 минути исчезнаа…“

30 јуни, 2021
back-with-bad-sunburn-660x450

Температурите деновиве го достигнуваат својот максимум и бидејќи ова екстремно затоплување се случи одеднаш, нашата неподготвена кожа може да се оштети од сонцето. Сонцето на пладне е најдобро да се избегнува, но ако навистина се појават „опекотини на кожата“, една Американка нуди одлично решение што го открил нејзиниот лекар.

Синди Ален-Стјуарт од американската држава Тексас вели дека спасот го пронашла во – пена за бричење со додаток на ментол:

„Нанесете ја на местото каде што има изгореници и оставете на кожата. Ќе почувствувате како ја црпи топлината од кожата. По 30 минути пената ќе изгледа како да се стопила и ќе се исуши. Ќе почувствувате студ во делот каде имате изгореници, а тоа е добар знак“, рече Синди, која своето искуство го сподели на Фејсбук.

„После тоа, исплакнете со млака или ладна вода под туш, и доколку е потребно и ако изгореницата е сè уште видлива, повторете го третманот следниот ден“.

Дерматологот др. Џесика Крант ги потврди нејзините зборови:

„Пената за бричење во многу случаи содржи ментол и други хемикалии кои природно ладат и создаваат добро чувство на кожата. Ментолот ја отстранува топлината од изгорениците затоа што брзо испарува, така што закрепнувањето е многу побрзо“, изјави таа за Huffington Post.

escort - Korsan taksi