Ова е „it“ фризура за лето, ако одиме по примерот на модните блогерки!

14 јули, 2021
profimedia-0620431247-790x525

Бела Хадид прва го носеше минатата година, сличен стил потоа проба и нејзината сестра Џиџи, а трендот го следеа Дуа Липа, Хејли Бибер, Кендал Џенер и Кјара Ферагни.

Две одделни нишки кои го врамуваат лицето вткаени во тенки плетенки кои се издвојуваат од „beach waves“ даваат доза на релаксација, младешки бунт и моден експеримент на секој изглед, па не се сомневаме дека оваа фризура ќе оживее ова лето на плажите. Многу е лесно да се постигне и не бара посебно одржување или вештина – пријател може да ви ги плете плетенките додека се релаксирате на плажа, а по капењето, исушете ја косата природно за ефект на „beach waves“.