ОВА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ЦРНОТО И БЕЛОТО ГРОЗЈЕ! Сите се прашуваат кое е ПОЗДРАВО, а ОВОЈ одговор никој не го ОЧЕКУВАШЕ!

15 август, 2021
282656_x1_f

Многу луѓе се прашуваат дали постои разлика помеѓу белото и црното овошје кога станува збор за неговите лековити својства, односно кое е поздраво.

И белото и црното грозје се сметаат за здрави, но ако некогаш сте се запрашале дали едното е поздраво од другото, има одговор.

Како прво, двата вида на ова овошје го забавуваат стареењето, имаат добар ефект врз кожата, содржат многу влакна, поради што имаат добар ефект врз варењето, полни се со витамини и одлични за имунитетот. Тие исто така помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта и ги имаат сите овие добри ефекти благодарение на една клучна состојка – ресвератрол.

Единствената разлика помеѓу црното и белото грозје е дека црното содржи многу повеќе ресвератрол.

Сепак, тоа не значи дека треба да јадете само црно грозје и да заборавите на белото.

Прво, идејата не е да внесувате што е можно повеќе ресвератрол, и второ, белото грозје содржи една компонента што црното воопшто ја нема – тоа се катехините.

Катехини се многу моќни антиоксиданси кои имаат силно антиинфламаторно дејство. Не само што ја чистат кожата и и го враќаат сјајот, туку делуваат и против бактериски и габични инфекции во телото и ги чистат цревата.

Значи, да резимираме – црното грозје содржи повеќе ресвератрол, но белото грозје содржи катехини, така што едното грозје не може да замени другото, бидејќи имаат различни ефекти, па затоа треба да ги јадете двата вида.