Ова се главните причини поради кои паровите РАКИНУВААТ

5 септември, 2021
50326_hands-1246170-960-720_f

Со исклучок на изневерувањата, кои се непростливи, неколку фактори можат да доведат до крај на врската

1. Себичност

Врската не може да функционира ако едиот партнер се труди да успее, додека другиот гледа само на својот тесен интерес.

Ова е особено точно ако партнерите живеат заедно и треба да се договорат за поделба на работата дома.

Ако по одреден период во врска, само едниот партнер сѐ уште покажува интерес за другиот, додека другиот е ноншалантен и се грижи само за своите потреби, таквата врска нема иднина.

2. Недостаток на емпатија

Суштинска состојка на секоја врска е емпатијата.

Ова значи дека постојано треба да покажувате дека се грижите за чувствата на партнерот и да го тешите со вашите зборови и гестови кога е во депресија или под стрес.

Се разбира, такво однесување се очекува и од него, инаку повторно доаѓаме до првиот смртен грев од која било врска, себичноста.

3. Психолошка манипулација

Дали некогаш сте биле обвинети од вашиот партнер дека сте премногу чувствителни ако споменавте дека тој е вербално премногу груб кон вас во дадена ситуација?

Тоа е неговиот начин „да ја предаде топката на вашиот дел од теренот“ и да ве натера да се запрашате дали навистина не сте личноста која претерала, а не тој што ве навредувал.

За жал, ваквите психолошки манипулации се многу чести во некои врски, поради што обично не траат долго.

4. Недостаток на комуникација

Комуникацијата е клучна за одржување на секоја врска помеѓу луѓето, вклучително и љубовната.

Без да зборувате за проблемите во врската, тие никогаш нема да се решат, и колку и да е тешко понекогаш да го слушате партнерот затоа што во тој момент можеби сте премногу уморни или нервозни, многу е полошо кога има растојание помеѓу вас.

5. Мрзеливост

Односите и браковите бараат работа. Не можете да си дозволите да бидете мрзливи и да дозволите нештата да „одат по својот пат“ ако планирате да бидете со некого на долг рок.

Останува на вас повторно да ја покажете својата љубов кон партнерот, да бидете иницијатор за заеднички активности и, да не заборавиме, одвреме -навреме да го изненадите со подароци и други знаци на внимание.

escort - Korsan taksi