ОВА СЕ НАЈЗДРАВИТЕ ГРИЦКИ ВО СВЕТОТ! Одлични се за срцето, имунитетот и витката линија, но тоа не е сè!

2 март, 2021
219439_nutpistachio-1098173-960-720_f

Ако сакате често да грицкате нешто, имаме предлог за вас. Само заменете ги лошите грицки со здрави, на пример јаткасти плодови, кои освен што се вкусни, се здрави и за вашиот мозок и за целиот организам.

Без разлика дали ќе се одлучите за мешавина од јаткасти плодови или само некои од нив, ќе го почестите вашето тело со здрав и вкусен оброк.

Доколку сакате храна што го штити срцето, ја регулира тежината, го зајакнува имунитетот и ја прави кожата сјајна и убава, изберете ф’стаци!

Совршена закуска за здравје и убавина

Ф’стаците се исклучително хранливи и здрави. Содржат витамини А, Б6, Ц и Е, кои се важни за работата на срцето, зајакнување на имунитетот, заштита од штетно зрачење, спречување на рак и зачувување на нервниот систем.

Покрај споменатите витамини, ф’стаците се богати и со растителни влакна, неопходни за здравјето на дигестивниот тракт. Ф’стаците се добар извор на магнезиум, железо, калциум, фосфор, цинк, натриум, манган, калиум и бакар.

Ако имате недостаток на железо во телото или страдате од мускулни грчеви, ф’стаците ќе ви помогнат да ги ублажите овие проблеми. Ф’стаците придонесуваат за побрз метаболизам и регулирање на телесната тежина. Благодарение на влакната, протеините и мастите, ф’стаците брзо создаваат чувство на ситост.

Но, важно е да се напомене дека иако ф’стаците имаат помалку калории од другите ореви, дефинитивно треба да бидете умерени со нив. Најдобро е да купите неизлупени ф’стаци. Бидејќи ќе ви треба повеќе време да ги исчистите од школките, поверојатно е дека нема да претерате со нивната количина.

Лековити својства на ф’стаци

Придобивките од ф’стаците се одамна признати и тие се едни од најстарите ореви на нашата планета. Античките римски владетели ги сметале за вистинско уживање. Нивната потрошувачка се препорачува денес не само поради добриот вкус, туку и поради многуте придобивки за човечкото тело.

Предности на ф’стаците:

– помош при анемија

– придонесуваат за регулирање на телесната тежина

–  го одржуваат здравјето на очите

– понизок лош (ЛДЛ) холестерол

– го намалуваат ризикот од срцеви заболувања

– спречуваат развој на дијабетес

– зајакнување на имунолошкиот систем

– штитат од рак на кожа

– го регулираат варењето на храната

– ја штитат кожата од штетни влијанија

– го чуваат здравјето на нервниот систем