Ова се најздравите и најдолговечните луѓе во Светот, не го признаваат концептот на пензија, а еве што јадат секој ден за долг живот

20 февруари, 2021
417845_okinawa-2054470-960-720_f

Окинава е позната како „сина зона“ – дом на некои од најдолговечните луѓе на планетата. Тајната не е дрога или одредена храна, туку поврзаноста со најблиските.

Архипелагот Окинава во Јапонија руши рекорди во просечната возраст на населението. Се состои од 160 острови граничени со Тихиот океан со суптропска клима, а љубезните Окинавци се најдолговечните луѓе на Светот. Нивните животни навики и исхрана укажуваат на тоа дека жителите на овој остров се најздравите луѓе на планетата.

На прв поглед, тие изгледаат поразлично од другите жители на Јапонија. Можеби тоа е последица на различните животни навики на жителите на Окинава и употребата на различна храна, како што се горчливата лубеница и чајот од куркума.

Книгата „Окинавците – најдолговечните луѓе на Светот“, напишана од д-р Макото Сузуки и Бредли и Крег Вилкокс во соработка со експерти од Министерството за здравство на Јапонија, го претставува начинот на живот на овие островјани.

Книгата се однесува на научни истражувања и документи од базата на податоци на Окинаванските стогодишни студии.

Постарата популација на островот Окинава не го признава поимот пензија, туку смета дека едно лице треба да остане активно до крајот на животот, опкружено со позитивни мисли и среќни луѓе.

Секако, важна е и генетиката, редовното вежбање и здравата исхрана.

Разновидна храна од растително потекло

За потребите на едно истражување, педесет и три стогодишници од Окинава користеле 206 различни намирници во исхраната, вклучително и лековити билки.

Во текот на денот, секој стогодишник јадеше околу 18 различни јадења, 78 проценти од храната е од растително потекло. Пет видови овошје и зеленчук на ден, две мешунки.

Оризот е најчесто консумираната храна на островот Окинава.

Жителите на островот во исхраната користат сложени јаглехидрати, кои треба да бидат претставени со околу 54 проценти, а земаат шеќер од сирова шеќерна трска. Внесувањето на сол е ограничено на шест грама на ден.

Тие исто така имаат ограничен внес на маснотии од околу 15 проценти на ден.

escort - Korsan taksi