Ова се прегледи кои ве штитат од рак на дојка: РЕДОВНА КОНТРОЛА ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ, а рано откриените промени спасуваат живот

20 март, 2021
Screenshot_1

Самопрегледување на дојката, кое секоја жена треба да го прави еднаш месечно по 25-та година од животот, трае само 15 минути и може да спаси живот. Послушајте го советот на лекарот, бидејќи со редовна контрола на градите, ризикот од малигнен тумор се сведува на минимум.

Промени поради кои треба да одите на лекар:

– присуство на грутка во градите или пазувите

– исцедок од брадавицата

– промена во делот на брадавицата

– промена на вообичаената форма или големина на градите

– промена на бојата или чувствителноста на кожата на дојката

– брчки на кожата на дојката (слично на целулитот)

– ненадејна болка во градите или пазувите

После 25-та година од животот, секоја жена треба да ги прегледува градите еднаш месечно. Само ако добро си ги знае градите, може навремено да го извести лекарот за сите можни промени. Целта на самопрегледот е исклучиво да се забележат промени во градите, а не да се постави дијагноза.

Самопрегледувањето на дојката треба да се изврши веднаш по менструацијата, односно помеѓу петтиот и десеттиот ден од циклусот. Тогаш градите не се отечени и тогаш најлесно може да се детектираат промените во формата и големината, како и можните грутки. Самопрегледот треба да ги вклучува градите, целиот простор помеѓу градите и пазувите, целите пазуви и целата биста, сè до клучните коски, односно рамениот појас.

Сигурна дијагностика

Ако забележите промена на градите со самопреглед, не паничете. Проверете ги сомнежите кај лекар, кој, доколку смета дека е потребно, ќе ве упати на мамографски преглед или ултразвучен преглед.

МАМОГРАФИЈА – ова е едноставен и целосно безопасен метод поради малата количина на зрачење. Секоја дојка се снима фронтално и странично, со максимална компресија. Првиот мамограм се препорачува за жени на возраст од околу 40 години, а потоа треба да се повторува на секои две или три години. Пред 40-та година, мамографијата на дојка може да биде несигурна.

По 40-та година од животот, градите се менуваат. Количината на масно ткиво се зголемува (темно на Х-зраци), а количината на лимфа (бело) се намалува. На темна површина, видлива е секоја сомнителна промена. Кај млади жени, масата на жлездата е поголема од масната, па на таква површина промените можат да останат незабележани.

УЛТРАЗУК – со соодветна сонда, лекарот поминува преку градите и ја набљудува сликата на мониторот. Се користи за откривање на цисти и тешки промени. Не може да ја замени мамографијата, но служи како дополнителен преглед што ги одделува тврдите од цистичните промени. Особено е корисно кај млади жени во кои не можат јасно да се видат одредени структури на градите.

escort - Korsan taksi