Ова се причините поради кои зборуваме во сон

11 јули, 2021
72945153d8412f726d22c698bb2cc4b6b6918d28

Според истражувањето, се проценува дека пет проценти од возрасните зборуваат во сон

Сомнилогија, односно зборување во сон, е токму тоа – несвесно зборување додека спиеме. Епизодите на сомнилогија се движат од мрморење, кажување неповрзани зборови до целосни монолози.

Некои луѓе исто така може да имаат разговор со луѓето околу нив кои се будни. Зборувањето во сон може да се случи во која било фаза, но најизразено е за време на РЕМ фазата, кога сонуваме. Сомнилогијата е краткорочна и не е производ на рационалното.

Сомнилогијата може да биде поврзана со други болести, особено нарушувања на спиењето и кошмари

Што предизвикува зборување во сон?

Националната фондација за спиење наведува дека сомнилогијата е предизвикана од повеќе фактори. Покрај стресот, депресијата и недостатокот на сон, зборувањето додека спиете е под влијание на консумирање алкохол или мамурлак, како и неколку други фактори. Исто така, сомнилогијата може да биде поврзана со други болести, особено со нарушувања на спиењето и кошмари. Во ретки случаи кај возрасни, зборувањето во сон е поврзано со ментална болест или ноќни напади.

Иако зборувањето во сон не е опасно за вашето здравје, тоа може да биде иритирачко за лицето кое спие со вас. Значи, ако го правите ова, обидете се да спиете доволно, држете се до распоредот за спиење и избегнувајте алкохол и тешка храна пред спиење.