ОВАА ГРЕШКА ЈА ПРАВИМЕ СКОРО СИТЕ КОГА ПИЕМЕ КАФЕ! Оваа навидум безопасна навика може да го наруши ЗДРАВЈЕТО

23 јуни, 2021
441977_kafa_f (1)

Пиењето кафе е утрински, но и дневен ритуал што го применуваат голем број луѓе. Повеќето од нас јадат нешто слатко со кафето, колач или бисквит, а според диетичарот Павел Исанбајев, тоа е голема грешка.

Кафето и слатките се веројатно најлошата комбинација за организмот, вели тој. Тој објаснува дека кога ќе исчезне дејството на кофеинот, веднаш доаѓа до пад на енергијата и силата.

– Ако зборуваме за комбинација на кафе со слатки, во тој случај нивото на глукоза се зголемува претерано, а потоа нагло паѓа. Може да се појави хипогликемија и се манифестира со симптоми како што се слабост, вртоглавица, студена и леплива пот и поспаност. За некои, овие симптоми ќе бидат посилни, за други послаби, сè зависи од организмот – рече Исанбајев.

Специјалистот исто така додаде дека кафето содржи антинутриенти кои ја попречуваат апсорпцијата на елементи во трагови и витамини од храната, па затоа е подобро да се пие помеѓу оброците.