Ниту една жена НЕ СМЕЕ да го толерира ОВА во бракот

18 септември, 2021
Screenshot_6

Ни случајно!

Ако сте размислувале дали сте премногу благи во бракот и дали навистина требаше да му се предадете и да му простите на мажот за некои пропусти што навистина ве повредиле, еве го одговорот.

Овие работи во никој случај не треба да се толерираат во бракот.

Никогаш нема да оди на натпревари ако навистина не го сака тоа. Нема да слуша музика или да оди во ресторани каде не се чувствува пријатно, само затоа што „нејзиниот маж сака да остане таму“. Таа знае дека е во ред тој да оди таму со пријателите, а таа да има свои начин на забава.

Никогаш нема да чека сопругот да ја „забавува“, да и го организира времето… Знае дека секој од нив има свои потреби и дека е сосема во ред да оди на прошетка или кафе со другарка после ручек, додека тој гледа телевизија дома.

Нема да прости занемарување. Нејзиниот сопруг мора и треба да се сеќава на нејзиниот роденден, годишнина, каков било важен состанок – затоа што тоа значи дека тој ја почитува и го почитува времето што го поминуваат заедно.

Никогаш нема да молчи за тоа што не ѝ одговара или не ѝ се допаѓа. Ќе ги истера работите на чисто, ако може – ќе ги подобри односите колку што може.

Никогаш нема да оправда маж кој навредува или повредува жена, која се опива или се дрогира, се коцка или живее онака како што не треба.

Не се плашат од директни прашања. Тие веќе „расчистуваат“ сè пред бракот и не влегуваат во бракот носејќи со себе багаж од табу-теми.

Зрела жена никогаш нема да остане во брак што ја гуши, покрај маж кој не ја сака.

Нема да толерира болна љубомора од нејзиниот сопруг, особено ако нема основа.

Зрела жена разбира дека љубовта е важна за брак, но исто така и водење љубов, и тоа никогаш не смее да се промени.

Зрелата жена никогаш нема да се промени физички поради мажот, затоа што знае дека мажот треба да ја сака заради тоа што е таа, а не заради нејзиниот изглед.

escort - Korsan taksi