ОВИЕ ТРИ ЕФТИНИ ТРИКОВИ ЌЕ ГО ПРОМЕНАТ ВАШИОТ НАЧИН НА ЧИСТЕЊЕ! Сè што ви треба е ПЕНА ЗА БРИЧЕЊЕ! (ВИДЕО)

1 јули, 2021
439676_ciscenje2_f

Мила од Мелбурн во Австралија се здоби со многу следбеници на „ТикТок“ благодарение на советите за чистење што ги споделува на својот профил, односно трите домашни трикови со кои го прави својот дом да мириса свежо и да изгледа чисто.

Еден од нив е како да ја исчистите вратата на рерната со пена за бричење за моментален сјај и да ги отстраните мирисот од корпата за отпадоци со ставање есенцијално масло на памучна вата на дното.

– Овие три ефтини трикови ќе го променат вашиот начин на чистење – напиша таа во описот на видеото. Мила го започна видеото со спреј од алкохолен оцет, сапун за садови и масло од чајно дрво, што го искористи за чистење на стаклото од туш кабината.

@mama_mila_

3 inexpensive home hacks that will change the way you clean 🌿 which one will you try first? #hometips #homehacks

♬ Latch – Disclosure

Таа тврди дека употребата на спреј е „најдобриот“ начин туш кабината да се одржи сјајна и без траги по чистењето. Смесата треба да се испрска само на површината на кабината и потоа да се исплакне со вода. По овој трик, таа покажа како става неколку капки есенцијално масло на памучна вата и го става на дното од кантата под кесата за да нема непријатни миризби.

Третиот совет на Мила во видеото е да користите пена за бричење за вратата на рерната и да ја исчистите површината со крпа од микрофибер. На овој начин, нерѓосувачкиот челик и стаклото на рерната ќе изгледаат беспрекорно чисти и истовремено се отпорни на дамки.

Ова кратко видео на ТикТок наскоро стана вирално и беше прегледано повеќе од 428.000 пати.

escort - Korsan taksi