Овие знаци покажуваат на тоа дека имате недостаток на цинк

13 јануари, 2022
Screenshot_3

Минералот цинк е еден од петте најважни минерали за човечкото тело, заедно со железо, калциум, магнезиум и калиум. Цинкот има неколку важни улоги во телото, меѓу другото, придонесува за когнитивните способности и меморија и му помага на телото во производството на важен хормон на тироидната жлезда – Т3.

 

Цинкот придонесува за подобро функционирање на имунолошкиот систем, клеточна поделба, побрзо заздравување на раните и обновување на ткивата и човечкиот раст и развој воопшто, поради што е важно бремените жени да земаат доволни количини од овој вреден минерал.

Цинкот е еден од петте најважни минерали

Школките се еден од најдобрите извори на цинк, а содржат и изобилство на селен што придонесува за синтеза на тироидните хормони. За да внесете доволно хранливи материи во вашето тело, правило број еден е да консумирате различни видови темнозелен лиснат зеленчук што е можно почесто.

Различни видови житарици се исто така богати со минерали, а јајцата и алгите се исто така одличен извор. Дополнителни количини на цинк, исто така, може да се внесат преку додатоци во исхраната.

Иако телото не бара големи количини цинк, може да се случи на телото да му недостасува. Човечкото тело нема способност да складира резервни количини цинк, што значи дека е важно редовно да внесувате доволни количини преку храна.

Недостатокот на цинк може да се манифестира во форма на:

  1. акни, егзема, сув првут, себороичен дерматитис или алопеција
  2. неспецифични орални улцерации или бел слој на површината на јазикот
  3. респираторни и гастроинтестинални проблеми
  4. губење на апетит
  5. летаргија
  6. губење на косата
  7. бавно заздравување на раните
  8. губење на косата

Бидејќи цинкот добиен од месо се апсорбира многу поефикасно во телото, на вегетаријанците им се препорачува да консумираат поголеми количини мешунки, соја, грав, ореви и храна од цело зрно.

Десет намирници што содржат најголема количина цинк:

  1. Месо (особено црвено, но сепак треба да се јаде умерено)
  2. Школки (ракови, ракчиња)
  3. Мешунки
  4. Семиња (коноп, лен, тиква или тиквички)
  5. Ореви (борови ореви, кикирики, индиски ореви и бадеми)
  6. Млечни производи (сирење, млеко)
  7. Јајца
  8. Цели зрна
  9. Некои зеленчуци (компири, грашок, кељ)
  10. Темно чоколадо