ОВОЈ едноставен пилинг ќе ви ја направи кожата еластична и сјајна!

20 јули, 2021
361001_so_f

Под влијание на разни штетни фактори од околината, како и токсини кои ги внесуваме преку храна, пијалоци и лекови, кожата може да биде преплавена со нечистотии. Морската сол е една од најмоќните состојки од природата која ќе ви помогне да ги исчистите порите на лицето и да се ослободите од токсините на кожата.

Пилингот е козметички третман кој ги отстранува мртвите клетки од горните слоеви на кожата. Покрај пилинг во козметичките салони и дерматолошките ординации, постојат и други методи кои можете сами да ги направите.

Пилинг за тело

Солта е природен пилинг кој нежно ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата. Исто така, содржи многу минерали, така што ја омекнува кожата.

Измешајте 60 грама морска сол и 50 милилитри маслиново масло. Ако сакате, можете да додадете десет капки од омиленото есенцијално масло. Со кружни движења, тријте ја кожата со оваа мешавина додека се туширате и потоа исплакнете ја добро.

Пилингот е козметички третман кој ги отстранува мртвите клетки од горните слоеви на кожата.

Пилинг за лице

Морската сол ја штити и подмладува кожата на лицето, алое верата ја хидрира, додека лавандата е природен антисептик и ја поттикнува циркулацијата.

Измешајте 30 грама морска сол, 1 лажица алое вера и 5 капки есенцијално масло од лаванда. Втријте ја смесата во кожата со кружни движења. Исплакнете го лицето со млака вода, нежно истапкајте го вишокот вода со крпа и потоа нанесете хидратантна крема на лицето.

Доколку имате сува кожа, правете пилинг еднаш неделно, а ако имате мрсна кожа, направете пилинг двапати неделно за сјаен изглед.