Пет начини на кои мобилните телефони ГО УНИШТУВААТ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ: Бројот 4 е особено застрашувачки!

17 јуни, 2021
profimedia-0309235607

Ова не сте го знаеле!

Мобилните телефони се можеби најважната технологија некогаш произведена. Давајќи ни неограничени информации на дофат на раката, тие спречуваат да се изгубиме, ни помагаат да ги организираме нашите животи, како и да донесеме некои одлуки. Тие ни овозможуваат да останеме во контакт со пријателите и семејството и да откриеме неверојатни култури кои инаку не би можеле да ги откриеме.

Сепак, истражувачите откриле дека нашето секојдневно потпирање на сеприсутни уреди може да има сериозни негативни последици врз нашето физичко и ментално здравје.

1. Тие се полни со микроби

Вашиот телефон го допира лицето, ушите, прстите и безброј јавни површини во текот на денот, а истражувањата покажуваат дека просечна личност го допира телефонот 47 пати на ден. Значи, не може да биде шок што студиите откриле дека просечниот мобилен телефон е 10 пати повалкан од тоалетот.

„Валканиот телефон дефинитивно може да влијае на вашето здравје и да шири микроби“, вели Ален Михон, медицински експерт во Отава, Канада.

2. Може да бидат виновни за акните

– Валканите телефони можат да предизвикаат неред на кожата затоа што ставате микроби директно на лицето – во близина на устата, носот, образите и ушите – вели Михон.

3. Го оштетуваат видот

„Високоенергетската видлива светлина доаѓа од вашите компјутери, LED диоди, мобилни телефони и телевизори“, вели Венди Кар Ји, пластичен хирург од Калифорнија.

– Позната и како HEV или „сина“ светлина, оваа бранова должина е одговорна за до 50% од дегенерациите на макулата – вели Кар Ји.

– Овој тип на светло е веројатно причината што се повеќе деца се кратковиди – од играње премногу видео игри или прекумерно гледање на екранот на мобилниот телефон. HEV светлината предизвикува и предвремено стареење на кожата.

4. Предизвикуваат депресија

– Користењето мобилен телефон може да има негативно влијание врз нашето ментално здравје – вели д-р Стефани Ј. Вонг, клинички психолог од Сан Матео, Калифорнија.

– Употребата на социјалните мрежи ги наведува луѓето да се вклучат во социјални споредби. Луѓето објавуваат слики или описи за нивните успеси, годишни одмори, свадби и семејства, што може да ги наведе другите на прашањето: Дали работам доволно во животот? Јас не сум мажена или немам дете, треба ли да имам – вели таа.

Devojka gleda u telefon

5. Го уништуваат сонот

„Прекумерната употреба на мобилниот телефон пред спиење може негативно да влијае на сонот“, вели Вонг: „Бидејќи вашето внимание било насочено кон позадината, ќе ви биде потешко да заспиете.

escort - Korsan taksi