ПЕТ НАМИРНИЦИ КОИ ЌЕ ВЕ НАПРАВАТ СРЕЌНИ! Го намалуваат стресот, нервозата и губењето на меморијата

29 јули, 2021
Screenshot_1

Овие намирници ќе го подобрат вашето расположение и ќе го намалат ризикот од депресија и губење на меморијата

Борете се со секојдневниот стрес и лошото расположение со земање на овие пет хранливи намирници, препорачани од Елизабет Сомер, авторка на „Храна која ќе ве направи среќни“.

Портокал, лимон и друго лимонско овошје. Главната состојка за подобро расположение кај ова овошје е витаминот Ц, кој го намалува нивото на хормоните на стресот. Ако земете доволно од ова овошје во текот на денот, ќе бидете помирни во текот на напорниот и заморен ден.

Ореви

Состојките кои ќе ве направат посјајни, а ги има во јаткастите плодови, се витамин Е, амино киселини и магнезиум.

Ако не јадете зелен зеленчук барем еднаш дневно, размислете за земање мултивитамин кој содржи фолна киселина.

Лосос

Состојка што сигурно ќе ве извлече од депресија е омега-3 масна киселина која се наоѓа во масните риби како лосос, скуша и сардини.

Оваа храна ќе го подобри вашето расположение и ќе го намали ризикот од депресија и губење на меморијата.

Суви вишни

Калиумот, магнезиумот и витаминот Ц во оваа хранлива состојка го подготвуваат телото за одбрана од стрес. Сувите вишни го одржуваат вашиот мозок здрав затоа што содржи антиоксиданти, вклучувајќи витамин Ц и спречува оштетување на мозочните клетки.

escort - Korsan taksi