Пет супер намирници од кои ќе изгубите 15 килограми: ЈАЈЦА за појадок наместо ПЕЦИВА!

29 јануари, 2021
c355c4c1a2c2b149707d6165cfa249ea036eca79

Се работи за мала корекција, а не промена во исхраната или диетата!

Првата мисла за јаткастите плодови е дека тие се масни. Сепак, бадемите, лешниците, индиските ореви и друга храна од истата група се богати со растителни влакна, добри маснотии и други хранливи материи кои поттикнуваат слабеење. Истражувањата покажаа дека луѓето чија исхрана вклучуваше бадеми и други јаткасти плодови изгубиле 8 кг повеќе од оние кои не ја конзумирале оваа храна!

Сепак, тоа не е сè!

Познато е дека гравот, како и другите мешунки, содржи изобилство на растителни влакна кои се добри за варењето на храната. Богат е со антиоксиданси, го регулира нивото на шеќер во крвта и делува на прејадувањето. Влакната, кои се раствораат во нашиот дигестивен тракт, исто така влијаат на топењето на масните наслаги. Истражувањата покажаа дека само еден час по конзумирање на грав, телото го забрзува согорувањето на масните наслаги за 20-25%!

Значи, ако сакате да се ослободите од маснотиите, оптималната доза на овој зеленчук е една чаша на ден!

Најинтересниот факт го покажа едно американско истражување дека ако јадете јајца за појадок наместо колачи со ист број калории, ќе консумирате 400 калории помалку во текот на денот!

Причината е едноставна. Јајцата се богати со протеини кои прават да се чувствуваме сити подолго. Покрај тоа, протеинската храна ја зголемува мускулната маса и помага во слабеењето затоа што нашето тело потешко ги „обработува“, и затоа троши повеќе енергија!

Благодарение на влакната и другите хранливи материи кои ги стабилизираат хормоните, диетата базирана на храна од цели зрна дава многу подобри резултати од оние што содржат преработено бело брашно во нивното мени.

Експериментот покажа дека луѓето сона оваа исхрана го намалиле обемот на струкот за дури два и пол пати повеќе од испитаниците чија исхрана содржела бел леб и колачи. Дури и ако не сте на диета, оваа храна ќе ви помогне да го намалите ризикот од гоење за 49%.

escort - Korsan taksi