ПИЛУЛА ЗДРАВЈЕ! Моќно растение, докажано дека ги убива бактериите во бањата, подобро и од чистењето!

15 јули, 2021
Screenshot 2021-07-15 204135

Невообичаениот третман помага при многу заболувања

Освен што е омилен деликатес на австралиските коали, еукалиптусот е добар и за луѓето. Неговите лисја имаат моќни антиинфламаторни својства. Мирисот на свеж еукалиптус релаксира, ја ублажува болката, го крева расположението и ги смирува нервите. Уште посилен ефект се добива со вдишување на мирисот на ова растение заедно со топла пареа.

Правец кон бањата!

Следниот пат кога ќе отидете да се истуширате, земете гранче од ова растение, ефектот ќе ве воодушеви! Комбинацијата на пареа и еукалиптус помага да се ослободат корисни масла од ова растение.

Што треба да направите Земете свеж еукалиптус и врзете неколку гранчиња со конец, а потоа закачете ги покрај тушот со лисјата свртени надолу. Бидете сигурни дека билката добива доволно пареа, но не се влажни. Влезете во када и туширајте се со топол туш. Менувајте го „букетот“ еукалиптус секоја недела, дотогаш неговите лековити својства ќе испарат.

Ефектот што овој третман го има врз нашето здравје е неверојатен. Еукалиптусот ги уништува бактериите, ги чисти синусите и помага при воспаление на грлото. Благодарение на интензивниот и освежителен мирис, ова растение го олеснува дишењето и ги отпушта носот и синусите. Покрај уништувањето на бактериите, есенцијалното масло го стимулира лачењето на слузта и ги чисти бронхиите.

Бидете внимателни, свежиот еукалиптус може да биде токсичен за мачките и кучињата, затоа се препорачува да ги чувате домашните миленици подалеку од ова растение.