Платнените маски не заштитуваат од делта сојот, постои многу подобра опција!

7 август, 2021
Zamagljene naočale tijekom nošenja zaštitne maske

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, здравствените експерти советуваат да носите заштитна маска за да го намалите ризикот од заразување со вирусот. Но, не сите маски се подеднакво ефикасни.

Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување и политика на заразни болести при Универзитетот во Минесота, вели дека платнените маски и марами се помалку ефикасни во заштитата од вируси и дека маските N95 кои исто така содржат филтри се многу подобра опција.

Остерхолд посочува дека маските не го спречуваат ширењето на вирусот толку ефикасно како што некои мислат. Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) наведуваат дека платнените маски обезбедуваат одредена заштита и дека ефективноста на овие маски зависи од видот на ткаенината, бројот на слоеви и дали маската ви одговара правилно.

CDC постојано ги проучува сите овие фактори. Досегашните студии покажаа дека повеќеслојните платнени маски штитат подобро од еднослојните маски и дека во некои ситуации можат да филтрираат околу 50 проценти од фините честички на вирусот, според CDC.

Треба да се напомене дека претходните анализи покажаа дека носењето маски кај општата популација доведе до голем пад на бројот на новозаразени.

„Мораме да разговараме за тоа како подобро да се заштитиме со маските. Треба да зборуваме за маските N95 што можат да допринесат многу и за невакцинираните и за оние кои претходно не биле заразени“, рече Остерхолм.

CDC ги класифицира маските KN95 и N95 како оние што се „дизајнирани и тестирани за да се осигура дека тие функционираат на конзистентно ниво за да спречат ширење на ковид-19“.

Остерхолм посочува дека денес знаеме многу повеќе за ефикасноста на маските отколку што знаевме на почетокот. Покрај тоа, Скот Готлиб, поранешен комесар на Управата за храна и лекови (FDA), во јули рече дека е потребна квалитетна маска за заштита од соеви толку заразни како делта варијантата. Готлиб, исто така, истакна дека маските KN95 и N95 би можеле да бидат многу поефикасни.

escort - Korsan taksi