По прележаниот Ковид сега имаат СЕИОЗНИ АЛЕРГИСКИ РЕАКЦИИ! Некои луѓе добиваат изгореници и им паѓаат слоеви од кожа!

24 септември, 2021
367031_x2_f

Британското здружение, кое ги застапува фризерите и козметичарите, ги предупредува сите вработени во овие професии да направат дополнителни епикутани тестови.

Епикутаното тестирање е метод кој докажува алергија – преосетливост на лицето на супстанција со која лицето (кожата) доаѓа во повторен контакт и кое се манифестира како воспаление на кожата – контактен алергиски дерматитис.

Фризерите низ Велика Британија почнаа да известуваат дека некои од нивните клиенти, кои се опоравиле од „Ковид-19“, сега имаат нови, сериозни алергиски реакции, како што се осип и изгореници по фарбање на косата.

Според ВВС, научниците од Империјал колеџ во Лондон истражуваат дали и како болеста, односно коронавирусот, може да го репрограмира нашиот имунолошки систем.

Британското здружение, кое ги застапува фризерите и козметичарите, ги предупредува сите вработени во овие професии на обврската да извршат дополнителни епикутани тестови (т.н. Patch test) со цел да се избегнат евентуални судски постапки.

Епикутаниот тест се користи за да се докаже доцна реакција на преосетливост на контактни алергени – алергените се нанесуваат на кожата на грбот, а тестот се чита по 48 и 72 часа.

Иако веќе десет години користи иста фарба за коса, Гема, која го прележа ковид-19, имаше реакција на епикутано тестирање.

Од нејзиниот фризерски салон, тие велат дека четворица нивни клиенти веќе го имале истиот проблем откако почнале да ги спроведуваат споменатите алерголошки тестови.

– Ден по тестот, почувствував како кожата зад увото ми гори, и како што минуваше времето, работите само се влошуваа, буквално изгубив слоеви на кожа – рече Гема.

– Ова не е единствениот инцидент и затоа тестирањето во мојот салон е задолжително – вели фризерот на Гемина, Стејси Клајн.

escort - Korsan taksi