Пoбрз раст на косата со оризова вода? Сите полудеа по овој трик, a ОВА е вистината!

2 февруари, 2024
pirincana-voda

Не е сè како што изгледа …

Миењето и потопувањето на косата во оризова вода, за да се поттикне да расте повеќе и да блесне, одамна е дел од практиката во Источна Азија. Сега корисниците на „TikTok“ тврдат дека прскањето на косата или миење со оваа вода доведува до екстремен раст. Но, дали навистина делува?

Што е оризова вода?

Оризовата вода е она што останува по исплакнување на оризот, а тоа често содржи скроб, а понекогаш и некои витамини, вели дерматологот Рејчел Назаријан од Њу Јорк. Најбрзиот начин да ја добиете таа вода е да натопите чаша ориз во две чаши вода и да го оставите 30 минути, а потоа да ја исцедите водата во чиста чинија.

Иако обична вода од ориз е добра, некои корисници на „TikTok“ додаваат кора од грејпфрут и есенцијални масла пред да ја стават на косата.

Дали оризовата вода го стимулира растот на косата?

За жал, ниту едно истражување не покажало дека влијае на растот, на кој било начин. Сепак, можеби има нешто таму. Водата од ориз содржи витамини Б и Е, кои се поврзани со раст и виталност на косата, тврди Мона Гохара, доцент по дерматологија на Јеил. Недостатокот на витамин Б12 е особено поврзан со опаѓање на косата, се вели во написот од 2019 година, објавен во „Дерматологија и терапија“.

Што всушност прави оризовата вода за вашата коса?

– Миењето коса со оризова вода може, најмногу, да доведе до привремено подобрување, кај некои луѓе, но тоа не е докажано и веројатно е минимално – вели др. Назаријанец.

Д-р Гохара наведува дека потопувањето или плакнењето на косата со оризова вода може да го зголеми обемот на косата, поради витамините што ги содржи, но тоа нема да го забрза самиот раст.

escort - Korsan taksi