Подобрете си го здравјето со КРАТКИ ТРЕНИНЗИ: Еве колку време треба да одвоите дневно!

30 април, 2021
71c19ed1fd54d7296443effd6c470ce4403c4ad0

Вклучување на вежбањето во дневната рутина за многумина е сè уште непремостлив проблем.

Поради обврските што ги имаат, луѓето успеваат да одвојат еден или два дена во неделата за вежбање, но главно не повеќе од тоа. За нивна среќа, сепак постои начин да останат во форма, но и да го подобрат нивното здравје, што не бара од нив да одвојуваат многу време на дневна основа.

Одамна е познато дека ваквите тренинзи се идеални за губење на тежината, но неодамна научниците открија дека имаат и позитивно влијание врз метаболичкото здравје, особено кога се одвиваат на релативно ниска температура. Во однос на препораката на Светската здравствена организација да се вежба 150 до 300 минути неделно, ова е режим кој бара многу помалку вежбање, барем кога станува збор за неговото траење.

Тогаш, зошто кратките интензивни тренинзи се добри за метаболичко здравје, срце и артерии? Научниците сè уште немаат убедлив одговор, но тие веруваат дека најверојатно има врска со подобрување на функционирањето на митохондриите, левата комора на срцето и координацијата на периферните артерии.

Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе се откажете од редовно вежбање затоа што мислите дека немате доволно време. Потребно е само да одвоите 20 минути на ден за оваа активност, а здравствените придобивки од кратки и интензивни тренинзи сигурно ќе го оправдаат поминатото време.