ПОЛЕКОВИТИ СЕ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛЕВТЕ: Еве што ќе се случи ако секој ден јадете само 3 урми!

8 август, 2021
140999_shutterstock-534357907_ls

Урмите се толку здрави што се речиси неопходни во нашето мени. Фактот дека се многу слатки и вкусни оди во нивна корист. Се што ви треба е да земате три урми секој ден за една недела.

Еве што ќе се случи со вашето тело ако го следите ова правило:

  1. Вашите коски ќе бидат поздрави

Минералите кои се наоѓаат во сувото овошје како што се фосфор, калиум, калциум и магнезиум, ги зајакнуваат нашите коски и се борат со болести како што е остеопорозата.

  1. Метаболизмот ќе работи како часовник

Метаболизмот бара влакна, а урмите содржат многу влакна. Урмите спречуваат запек, надуеност и се што ја попречува нормалната работа на цревата. Научниците докажаа дека оние луѓе кои редовно јадат урми, немаат никакви проблеми со метаболизмот.

  1. Ќе заборавите на стресот и депресијата

Урмите содржат витамин Б6, кој му помага на телото да произведе серотонин, што го подобрува здравјето на мозокот. Серотонин го регулира вашето расположение, а норепинефринот се бори против стресот. Науката докажа дека ниското ниво на витамин Б 6 е директно поврзано со депресијата. Колку повеќе витамин Б6 внесуваме во телото, толку подобро ќе се чувствуваме и физички и психички.

  1. Ќе пукнете од енергија

Урмите се богати со растителни влакна, калиум, магнезиум, витамини и антиоксиданси што ги прави совршена ужина. Тие обезбедуваат трајна експлозија на енергија благодарение на шеќерите што ги содржат како фруктоза и гликоза.

urme
  1. Вашето срце ќе ви биде благодарно

Истражувањата покажаа дека урмите го намалуваат нивото на триглицериди и го намалуваат оксидативниот стрес, кои се фактори на ризик за срцеви заболувања и атерогенеза. Тие се богат извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар, како и други болести поврзани со срцето.

  1. Ќе заборавите што беше алергија

Урмите се познати антиалергени. Ги спречуваат симптомите на речиси сите алергени.

  1. Ќе станете многу потенки

Урмите имаат таков состав што го чистат телото од токсини, масти, го подобруваат варењето, што доведува до губење на тежината.