ПОСТАРИТЕ МАЖИ САКААТ ПОМЛАДИ ДЕВОЈКИ САМО ПОРАДИ ЕДНО НЕШТО, А ТОА НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ИЗГЛЕДОТ: Немаат идеја што ги чека после

25 август, 2021
974209_profimedia0044654502_ls

Истражувањата покажаа дека жените во дваесеттите години сакаат мажи кои се неколку години постари од нив, додека во триесеттите години сакаат некој што е неколку години помлад.

Кога влегуваме во врска со некого, ретко обрнуваме внимание на возраста, освен ако разликата не е преголема. Ние генерално не му придаваме големо значење на тоа ако партнерот е само неколку години постар или помлад од нас.

Сепак, разликите во возраста понекогаш можат да играат голема улога кога станува збор за односите помеѓу две лица.

Ако имате партнер кој е многу постар или помлад од вас, веројатно сте наишле на „јаз во генерациите“: разлики во мислењето, поглед на животот, навики, долгорочни цели.

Повеќето жени барем еднаш во животот сретнале маж кој ѝ рекол дека не е подготвен за сериозна врска, а потоа почнал да излегува со помлада девојка од себе.

Затоа многу жени во доцните триесетти или четириесетти години се соочуваат со проблемот да најдат соодветен партнер со кој би можеле да започнат љубовна врска.

Во основа, ние мислиме дека секој сака личност која ќе има приближно иста возраст како нас, со која ќе имаме слични сфаќања и животни искуства, односно некој кој емотивно и интелектуално е зрел како личност.

Сепак, ова не е секогаш случај. Истражувањата покажаа дека жените во дваесеттите години сакаат мажи кои се неколку години постари од нив, додека во триесеттите години сакаат некој до нив кој е неколку години помлад. Постарите мажи главно сакаат жени кои се во раните дваесетти години.

Некои мажи, сепак, претпочитаат помлади жени, не затоа што изгледаат поубаво, туку затоа што сѐ уште немаат цврсти ставови за мажите и врските, како и затоа што често им се восхитуваат на постарите мажи.

Еден постар маж, најверојатно, може да има сериозна врска со помлада девојка, меѓутоа, нивната врска ќе мора да се соочи со генерациски разлики.

Меѓутоа, со добра комуникација и емоционална зрелост на двајцата партнери, таквата врска може да напредува.