Прекрасни, но отровни: Овие растенија не треба да ги чувате дома

12 април, 2021
прекрасни но отровни

Ако сакате растенија, треба да знаете дека не се сите безбедни за чување во затворено, на тераса или во двор, особено ако имате деца или домашни миленици.

Некои растенија се отровни, и не можете целосно да го контролирате движењето на домашните миленици и деца.

Ова се растенијата што не треба да ги одгледувате дома поради токсичност:

Рододендрон
Прекрасно украсно растение за дворот. Конзумирањето на цвет или лист може да доведе до сериозно труење. Главните симптоми се: абдоминална болка, отежнато дишење и парализа.

Олеандер
Растение од розови и бели цвеќиња, идеално за балкони и дворови, но не е безбедно за децата поради своите отровни лисја и корени. Симптоми на труење со олеандер се: треперење, бавно отчукување на срцето и поспаност.

Кукута
Може да се појави како плевел во дворот. Опасно е за домашните миленици, бидејќи мириса на морков, па затоа е примамливо за животните. Го напаѓа нервниот систем, може да предизвика несвестица и кај животните и кај луѓето.

Жолт нарцис
Самата луковица е најтоксична, а симптомите главно се поврзани со дигестивниот систем (дијареја, повраќање и грчеви).

Хортензија
Оваа прекрасна билка содржи цијанид. Сепак, за да дојде до труење, потребни се големи количини на самиот цвет. Бидете внимателни сепак.

Филадендрон
Сокот од ова растение може да ја иритира кожата и усната шуплина. Може да се појави отежнато дишење, оток на грлото и стомачни проблеми. Сериозно труење е ретко. Сепак, не е безбедно да се чува во куќата.