Прекрасно мириса и лесно се одржува: Се верува дека ова растение има и магична моќ

18 мај, 2021
preubavo mirisa

Еден од најубавите ползавници познат како „орелски нокти“, „козја крв“ или ботанички, лоницера со задоволство се гледа во многу градини.

Најмногу го сакаме поради опојниот сладок мирис кој потсетува на јасмин, но маѓепсуваат и неговите нежни цвеќиња во розова, виолетова или крем боја. Лоницера е бујна во растот и треба да ѝ се даде соодветна поддршка. Убаво ќе напредува ако се потпре на ѕид, пергола или дури старо дрво што сте го исекле до посакуваната висина.

Едно старо верување вели дека ова растение има и магична моќ. Нејзините деликатни, но многу силни гранчиња ја симболизираат силата на привлекување, па затоа се смета дека го зајакнува бракот и ја зајакнува љубовната страст меѓу сопружниците. Ако една дама сака да биде уште поубава, треба да го протрие миризливиот цвет на „ноктите од орел“ низ косата. Притоа, треба да мисли на него со љубов и нежност.

Според традицијата, „ноктите од орел“ често биле засадувани покрај портата или оградата. Овој упорен и отпорен ползавец, кој често останува зелен и се смета дека привлекува среќа во куќата во текот на целата зима.


Грижата е многу лесна. Треба редовно да се сече за да се поттикне неговиот раст и цветањето. Ако сакате да го размножите, најдобро е да земете пелер со средна развиеност и да го пресечете така што да останат две лисја – едното спроти друго – на гранката.

Подгответе растресита почва со многу песок и засадете го пелцерот, а потоа умерете вода и покријте го со проѕирна пластична кеса, така што над пелцерот има многу слободен простор.

Ставете го садот во топла просторија и следете – кога ќе се појават нови лисја, растението е подготвено за пресадување.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi