Престанете да се ГРИЖИТЕ: Си нанесувате штета самите на себе, ментално, но и физички

24 август, 2021
Screenshot_5

Поради прекумерна напнатост и стрес, имунитетот ослабува, а организмот станува подложен на болести

Прекумерната грижа остава последици врз менталното и физичкото здравје.

Може да предизвика стрес, депресија, замор и лошо здравје.

Дали знаевте дека прекумерната грижа може да го зголеми срцевиот ритам, да го отежни дишењето и да предизвика бледило на лицето?

Крвта се повлекува од површината и оди до мускулите, за да се подготви за нова загриженост – напнатост што може да предизвика болка, главоболки и слабост на нозете, а исто така се јавува дијареја или запек.

Кога грижата станува хронична, едно лице станува подложно на инфекции.

Високите нивоа на вознемиреност и стрес го ослабуваат имунитетот, што доведува до почести настинки и други сериозни проблеми.

Сепак, има добра вест – мозокот буквално може да се истренира да престане да се грижи!

Направете ги следниве три работи и ќе ги зачувате вашето здравје и психа:

Запишете ги вашите грижи

Најдобар начин темелно да ги преиспитате вашите грижи е да ги запишете на парче хартија.

Ова ќе ви помогне да ги отфрлите сомнежите или да ги разберете како специфичен проблем, а потоа можете да најдете решение.

Медитирајте

Познато е дека способноста на медитацијата ги лекува и телото и духот.

Многу студии откриле дека медитацијата ја подобрува менталната стабилност.

Кога ќе се чувствувате напнато, одвојте неколку моменти за себе и медитирајте. Само две минути се доволни за да го избистрите вашиот ум.

Вежбајте

Друг начин да го натерате мозокот да престане да се грижи е да се ослободите од стресот преку вежбање.

На почетокот може да биде тешко, но редовното вежбање ќе ви помогне да ја вратите контролата врз вашиот живот.

Ќе се ослободите од стресот и ќе го зајакнете вашето ментално и физичко здравје.