ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ЗАЛАЖУВАТЕ: Ова се сигурни знаци дека НИКОГАШ нема да се заљуби во вас!

11 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-11 145211

Како што не можете да се натерате да се заљубите во некого, така треба да имате реален став за фактот дека и вие можеби нема да му се допаднете доволно.

Можеби сте започнале врска, и вашето воодушевување било на врвот, но ако обрнете внимание на знаците што следат, сами ќе се уверите дека тој никогаш нема да се заљуби во вас, пренесува „Женски Магазин“.

Тој со вас прави планови во последен момент

Дали често се случува да ви се јави во последен момент, од проста причина што не сака да седи сам дома? Многу е веројатно дека тој имал некои планови со друштвото, но дека тие не успеале, па вие сте се нашле како следната доволно добра опција. Никогаш не треба да си дозволите да бидете резервно решение.

Не ве претставува пред другите како своја девојка

Ако тој не ве претставува во општеството како негова девојка, тоа е затоа што не ве доживува како таква. Покрај тоа, лесно може да биде знак дека се гледа и со други девојки. Претставувајќи ве само по име без титула девојка, тој сака да ве држи покрај себе како опција.

Ви се јавува само кога сте му потребни

Ако има навика да ви испраќа пораки во 2 часот по полноќ и да ви каже дека му недостасувате, тоа не би требало да ви ласка. Оваа постапка покажува дека за него сте само некој со кого има добар секс. Тој ве користи за да го добиете она што го сака, без намера да се обврзе кон вас.

Не сака да се запознае со вашите пријатели

Ако многупати сте му кажале дека има луѓе во вашиот живот кои се многу важни за вас, а тој не покажува ни најмал интерес да ги запознае, тоа се должи на фактот дека тој не се грижи доволно за вас. Освен што не сака да ги запознае вашите пријатели, тој дури и не сака да ве запознае подлабоко.

Има навика да исчезнува и да не ве контактира

Човек кој е навистина вљубен во вас секогаш ќе ви ги кажува своите планови и ќе се погрижи да ви биде достапен доколку ви треба. Од друга страна, ако вашето момче има навика да исчезне неколку дена и воопшто да не ви се јавува, тоа е очигледен знак за непочитување и недостаток на емоции кон вас.

escort - Korsan taksi