Проблем со кинеската вакцина што најмногу и пречи на СЗО

6 мај, 2021
h_56320827-1024x683

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) изразија „многу мала доверба“ во податоците на кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ за нивната вакцина против ковид-19, во врска со несаканите ефекти кај некои пациенти, но тие се убедени во ефикасноста на вакцината при спречување на развојот на болеста.

Според документот на Стратешката советодавна група на експерти при СЗО (САГЕ), како што објави Ројтерс, станува збор за вакцината Синофарм ББИБП-КорВ која е одобрена во 45 земји, е наменета за возрасни, а 65 милиони дози биле искористени досега.

Во документот се наведени податоци од клиничките испитувања во Кина, Бахреин, Египет, Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

СЗО откри дека ефикасноста во третата фаза на клиничките испитувања по две дози е 78,1 процент, нешто помалку од 79,3 проценти, како што претходно објави Кина.

„Убедени сме дека две дози на BBIBP-CorV се ефикасни во спречување на развој на ковид-19 кај возрасни на возраст меѓу 18 и 59 години“, се вели во документот.

„Но, во третата фаза од студијата, анализата на безбедноста на вакцините кај пациенти со истовремени болести беше ограничена на многу мал број луѓе со здравствени проблеми, освен дебелина“, се додава во документот, истакнувајќи дека податоците за тешките несакани ефекти кај бремените жени и постарите лица од 60 години па нагоре. Податоците за должината на заштитата исто така недостасуваат, се наведува во документот.

„Изразуваме многу мала доверба во квалитетот на податоците поврзани со ризикот од сериозни последици од вакцинацијата по една или две дози кај лица на возраст од 60 години и постари, како и кај лица со истовремени болести“, велат експертите на СЗО.

Анализата на САГЕ беше подготвена пред одлуката на Техничката советодавна група на СЗО да одобри вакцини за итни случаи.