ПРОВЕРЕНО: Со помош на овој трик, ќе потонете во СОН за само ДВЕ МИНУТИ

21 септември, 2021
b7e4fee47687f1e049e323acc615e29141189fe6

Што би рекле луѓето, со овој совет ќе спиете „како бебе“.

Постојат различни методи кои помагаат при заспивање, а овој метод го користеле американските војници, со цел да си обезбедат доволно квалитетен сон што им е потребен.

Според „The Sun“, овој метод е објаснет во книгата „Relax and Win: Championship Performance“, и се тврди дека има дури 96% успех, по само неколку недели едноставни вежби.

Овој метод произлегол од потребите на војниците кои не можеле да се справат со стресот, поради што не можеле да се опуштат и да заспијат. Експертите потоа смислиле едноставни вежби за дишење и замислување слики, благодарение на кои телото ќе се опушти и ќе заспие побрзо.

Тајната е во мускулната релаксација, дишење и специфични слики што треба да ги замислите.

Првиот чекор е да ги опуштите мускулите на лицето, вклучително и јазикот и мускулите околу очите. Потоа треба да ги спуштите рамената толку ниско колку што одат пред да го опуштите горниот и долниот дел од едната рака, а потоа и другата.

Потоа издишете, опуштете ги градите и конечно нозете. По десет секунди длабока релаксација, следниот чекор е да замислите слики што целосно ќе го исчистат умот.

Авторот на книгата „Relax and Win“ советува да замислите една од овие две слики, или да се изговара една реченица, ако немате развиена имагинација и ако не сте способни да замислите.

– Првата слика е како лежите во кану на мирно езеро, и нема ништо околу вас освен синото небо.

– Втората слика е како сте завиткани во црна кадифена мрежа во затемнета просторија.

– Ако не сте визуелен тип, тогаш тивко изговарајте „не размислувај, не размислувај“ десет секунди.

escort - Korsan taksi