Рајско овошје кое дава сила: Смоквите се полни со минерали и витамини и го чуваат срцето!

7 август, 2021
169107_profimedia0184019909_ls

Смоквите се богати со природни шеќери, минерали и апсорбирачки влакна, и придонесуваат за нашето здравје.

Без разлика дали ги претпочитате свежи или сушени, смоквите ќе ви помогнат да го регулирате крвниот притисок и дигестивниот систем, ќе го подобрат здравјето на вашите коски, но исто така ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми.

Смоквите содржат голема количина диетални влакна, што ќе ве натера да се чувствувате сити долго време по консумирањето.

Покрај тоа, смоквите помагаат да се контролира вкупниот внес на калории во текот на денот, а влакната што ги содржат ги стимулираат цревата и на тој начин го зајакнуваат вашиот дигестивен систем.

Покрај диеталните влакна кои помагаат да се воспостави и одржува правилно варење, смоквите го содржат ензимот Фицин, кој игра важна улога во регулирањето на варењето, што е основа на виталноста и здравјето. Здравиот дигестивен систем е исто така клуч за здраво слабеење, како и за намалување на чувствата на непријатност и надуеност.

Присуството на омега-3 масни киселини е уште една причина зошто ќе се ослободите од вишокот килограми со конзумирање смокви. Без внесување на омега-3 масни киселини, нема губење на тежината, а познато е дека тие го штитат вашето срце и кардиоваскуларното здравје.

Бидејќи смоквите имаат висока концентрација на здрав шеќер, можете да ги користите како замена за шеќер и како вештачки засладувач за колачиња.

Покрај тоа, смоквите содржат ниска калорична содржина, што ги прави одлична замена за закуски и слатки.

Исто така, тие се богати со минерали како калциум, калиум, фосфор, магнезиум, бакар и витамини А и Б, кои играат значајна улога во воспоставувањето на соодветен метаболизам.