РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНА МАСКА ОД КРАСТАВИЦА И МЛЕКО: Ја хидрира кожата и ги ублажува изразените брчки!

25 октомври, 2021
2661629_profimedia0335388858_ls
Доцната пролет и летото се периоди кога кожата на лицето е особено сува, затоа бара дополнителна хидратација и третмани кои ќе ја освежат. Маска од краставица, мед, млеко и кафеав шеќер може да биде вистински мелем за вашата кожа во топлите денови. Покрај тоа што се прави лесно и брзо, таа е поефикасна и поздрава од повеќето маски што ги купувате. Состојки:
  • една помала краставица
  • 50 мл млеко
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица кафеав шеќер
Постапка: Излупете ја краставицата и изблендирајте ја додека не достигне конзистентност на пире. Измешајте млеко, мед и кафеав шеќер, а потоа додадете го пирето од краставица во оваа смеса. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода и избришете го со крпа.
escort - Korsan taksi