Реченицата: „Не сум подготвен за брак“ значи-„Не со тебе“, а што значи „Бев во гужва“?!

18 февруари, 2021
0d2751020ad661a105f9b813406cff981154f680

А, ако сте дознале дека ве изневерил, а потоа се обидел да ве убеди дека тоа, ете, едноставно се случило, знајте дека такви работи не се случуваат без намера и план.

Ако упорно го чекате неговиот повик, наоѓајќи милион изговори за тоа што го нема, можеби е поправедно да си кажете себеси дека не „загризал“ – е пораката на авторот на книгата „Едноставно не му значи доволно“, Грег Берент и Лиз Тусило.

Тие даваат многу специфични упатства што можат да ве доведат до заклучок дали му значите на партнерот или само сте му на „поминување“. Значи, ако не ви се јави со изговор дека е зафатен и ќе се јави подоцна, знајте дека тоа е чиста лага.

– Со наоѓање мобилен телефон и брзо бирање броеви, скоро е невозможно тој да не ве побара ако му значи – тврди Берент. – Затоа, имајте во предвид дека и ние мажите сме исто како вас, со задоволство ќе паузираме во еден ден полн со обврски за да разговараме со онаа која ја сакаме. Тоа нè прави среќни, исто како и вас. Ако би му се допаѓале, вие ќе бевте неговата светла точка во напорниот ден. И тој ден никогаш не може да го спречи да ви се јави.

– Имајте на ум дека ако спие со друга жена, тоа значи дека не му значите доволно – вели авторот на книгата.

Тој додава дека жените мора да знаат дека секој маж кој вели дека не сака да се жени, бидејќи не е подготвен, неговата финансиска состојба е лоша и слично, на крајот дефинитивно ќе се ожени, но не со вас.

– Затоа што едноставно, вие не сте вистинската за него. И тоа е тоа! Нема мистерии. Ако сè уште ги слушате овие изговори, имајте го предвид следново – вие сте нешто што е во ред за него во моментот, а тој ќе ја одложи венчавката обидувајќи се да ја најде вистинската. Бидете сигурни да ја бара цело време додека е со вас – „строго“ предупредува Грег.