Русите најдоа начин да ја „ажурираат“ Sputnik V за да биде ефикасна против идните соеви на корона вирусот

2 април, 2021
shutterstock1832942224-830x0

Според Александар Гинтсбург, кој го предводи тимот зад формулата, тоа е истата технологија што се користеше за развој на вакцината Sputnik V.

Руските истражувачи претставија нова платформа за генетски инженеринг, за која велат дека ќе овозможи вакцината за корона, произведена во оваа земја, да се адаптира против која било идна верзија на овој вирус во рок од 48 часа.

Александар Гинтсбург, кој го предводи тимот зад формулата, за РИА Новости во петокот изјави дека неговите научници од московскиот институт Гамалеја го усовршиле начинот за брзо ажурирање на вакцината Спутник V, доколку се појават нови варијанти на вирусот отпорен на вакцини.

Според него, тоа е истата технологија, заснована на андеровирусни вектори, што се користеше за развој на вакцината Sputnik V.

„Новата секвенца, базирана на мутирана верзија на протеинот на вирусот, може да се спои буквално за еден ден, а следниот ден може да се вметне во претходно користен вектор“, рече тој, додавајќи дека потоа со генетски инженеринг може да се користи како вакцина.

Ова ќе овозможи „ажурирање“ на вакцината за да може да се бори против соеви што ќе се појават во иднина.

„Под услов да ја обезбеди истата заштита од новиот вид како и оригиналот, масовното производство може да започне веднаш“, рече тој.

Сепак, не е јасно колку долго треба да се тестира секоја изменета формула пред да биде широко достапна. Според експертите, во тек се разговори за тоа дали треба да се спроведат сите стандардни фази на тестирање.

– Постојат и неколку лекови кои биле тестирани на само 100 луѓе – рече Гинтсбург, пренесува РТ.

Колку што е познато во моментов, Спутник V штити од сите познати соеви на вирусот. Но во последните неколку месеци, ширум светот се откриени мутации на вирусот, што предизвика страв и сомнеж во ефикасноста на постојните вакцини.

На пример, во јануари беше земен примерок од Русинка која пет месеци се борела против вирусот, а во него биле пронајдени најмалку 18 различни мутации.

escort - Korsan taksi