САКААТ ДА ИЗГЛЕДААТ КАКО КИМ, НО ПО ЦЕНА НА ЖИВОТОТ? Овој сируп од 30 долари наводно го зголемува задникот – со страшни последици

24 април, 2021
My-Post-3-9-e1619180098528

Британска манекенка разговарала со други девојки кои земале опасен стимуланс на апетит, но се шокирала кога слушнала за тешките несакани ефекти што ги доживеале

Витки жени кои очајно сакаат да имаат фигура на песочен часовник, популаризирана од Ким Кардашијан, земаат потенцијално опасен стимуланс на апетит за да се здебелат, пишува Дејли меил.

Манекенката Алту Мвуама (19) од Лондон е една од илјадниците жени ширум светот кои го пиеле сирупот Апетамин. Тој се промовира на социјалните медиуми и меѓу инфлуенсерите како брз лек за зголемување на облините и постигнување на фигура на песочен часовник.

Апетамин е произведен и се продава од индиската фармацевтска компанија TIL Healthcare. Тоа е сируп кој содржи ципрохептадин (хепатотоксин) за стимулирање на апетитот, лизин и некои витамини.

Не е одобрен од Управата за храна и лекови на САД или Агенцијата за регулирање на лекови на Обединетото Кралство и несаканите ефекти вклучуваат откажување на црниот дроб, екстремен замор и прекумерни отоци.

И покрај ова, моделот Алту го најде Апетамин на неколку веб-страници, вклучувајќи ги Амазон и Инстаграм. Цената на шише сируп е околу 30 долари.

Во документарецот на BBC, ‘Dangerous Curves: Get Thicc, Get Sick?’ таа разговараше со други жени кои земале Апетамин за да дојдат до нивната фигура од соништата. Алту се згрозила кога слушнала за сериозните несакани ефекти што ги доживеале.

Мајка и паднала во кома

Додека земала Апетамин, таа била многу уморна и имала драстични промени во расположението. „Мајка ми не сакаше да го пијам тој сируп затоа што го пиеше пред неколку години и имаше огромни последици. Бидејќи имала српеста анемија, завршила во болница и паднала во кома“, објасни 19-годишната девојка.

И покрај тоа што и се случи на нејзината мајка, Алту пиела Апетамин. „Понекогаш мислам дека за совршено тело вреди да се ризикува“, искрено призна таа.

Бидејќи нејзината мајка почина неодамна, моделот се грижи за нејзината помала сестра и финансиите, што ја става под голем притисок да успее во светот на моделингот.

„Јас секогаш бев многу слаба. Можеби тоа беше одлично за Наоми Кембел, но сега сите девојки кои заработуваат одлично имаат облини. Јас сум сериозно во искушение да пијам Апетамин повторно. Обично не можам да јадам доволно за да добијам тежина, но сирупот го смени тоа“, објасни таа на почетокот на документарниот филм.

Се рекламира како безбеден и природен производ

Во разговор со други девојки дознала дека едната паднала на сред улица и била хоспитализирана двапати, но продолжила да пие затоа што се лажела. За три месеци таа дошла од 54 килограми на 86.

„Мислев дека поради Апетамин ќе добијам тежина само околу задникот, колковите и бутовите. Бев глупава. Се сомневав дека се работи за нелегална супстанца, па отидов кај фармацевтот и го прашав. Ме погледна како луда и ми рече дека не треба да го земам“, рече девојчето.

Друга девојка била толку истоштена што очите ја болеле додека била будна, а нејзините стапала биле толку отечени што постојано носела влечки. Трета постојано паѓала и спиела. Таа тврди дека не можела да го напише своето име на хартија од што и се треселе рацете. Американската инфлуенсерка Аша Гранд е среќна што е жива затоа што изгубила свест додека возела и го удрила својот автомобил поради Апетаминот.

Докторката Викторија Гарланд го раскажала случајот со нејзината пациентка која добила автоимун хепатитис поради овој сируп за зголемување на телесната тежина, односно нејзиното тело го нападнало црниот дроб. „Можеше да доживее откажување на црниот дроб ако продолжеше да го зема. Она што најмногу ме загрижува е тоа што Апетаминот се рекламира како витамински додаток, што подразбира дека е безбеден и природен. Нема студии, затоа не знаеме како влијае на луѓето“, додаде таа.

Откако ги слушна овие шокантни признанија, Алту зажали што го промовирала производот на нејзините социјални мрежи. „Жално е што девојките го загрозуваат својот живот за да изгледаат на одреден начин“, заклучи таа.