„Сакав да дознаам зошто ме остави љубовникот, но она што го открив ме шокираше“

31 март, 2021
Screenshot_3

Се запознаа во градинката на нејзината ќерка, а нивната афера започна веднаш после тоа.

– Создадов лажен профил на социјалните мрежи за да дознаам зошто ме остави љубовникот. Разочарана сум од она што го дознав. Без да знае како да разговара со мене, тој ја опиша нашата врска како досадна, мојот пристап очаен и мојот стил лош, но она што најмногу ме погоди беше кога рече дека имал секс со мене од сожалување – напиша една жена.

Иако беше со своето момче во последните три години, таа чувствуваше голема привлечност кон него. Тие се запознаа во градинката на нејзината ќерка, а нивната афера започна веднаш после тоа. Сепак, шест месеци подоцна, тој ја раскина нивната врска. Кога ја дозна вистината за причината за раскинувањето, отиде да се соочи со него, но на крајот повторно ја започнаа својата афера.

– Враќањето кај мажот кој целосно ја уништи вашата самодоверба и самопочитување ќе заврши лошо. Тој јасно стави до знаење дека единствениот интерес му е сексот. Вие сте неговата тајна и секогаш ќе ги става своите желби пред вашите потреби. Вие заслужувате подобро, а исто така и вашето момче. Престанете да се гледате со вашиот љубовник и насочете малку енергија назад кон врската што веќе ја имате – ѝ одговори Дејдре.

escort - Korsan taksi