Само една лажица дневно – Го зајакнува имунитетот и меморијата, го намалува ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ја смирува кашлицата…

13 септември, 2021
52121_nuns-2304009-960-720_iff

Покрај тоа што е одличен додаток во храната и козметиката, медот е богат со својства кои имаат повеќекратни ефекти врз здравјето…

Условот е да се користи медот секој ден, но во умерени количини. Со него, ќе го зајакнете имунитетот, меморијата, ќе ги отстраните вишокот килограми и ќе се ослободите од стресот.

Медот помага и во детоксикација на телото, го намалува холестеролот, го зајакнува срцето, помага во одржување на здрави црева и ја смирува кашлицата.

Рецепт плус за „витаминска бомба“ која го зајакнува имунитетот и го штити здравјето:

Потребни состојки:

  • 100 гр суво грозје
  • 150 гр ореви
  • 100 гр бадеми
  • кора и сок од два лимони
  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр сливи
  • 250-300 гр мед

Можете сами да ги комбинирате јаткастите плодови, нема да расипете ништо, напротив, ако додадете лешници, ореви или бразилски ореви – само ќе додадете калории и сила на вашата „витаминска бомба“.

Начин на подготовка:

Измелете во машина за мелење месо: суво грозје, ореви, бадеми и кора од лимон. Можете исто така да користите блендер ако имате со поголема моќност, која ќе успее да ги спои и измеле сите состојки. Додадете сок од два лимони во смесата, чија кора претходно сте ја измелеле. Измешајте. Потоа, додадете сливи и суви кајсии. Иситнете ги исто така, но одделно. Измешајте. На крајот додадете мед и промешајте повторно.

Оставете да отстои на темно место еден ден или два и земајте 1-2 лажици три пати на ден.