Се одлучија за прилично чудни парчиња облека: Ријана и Асап Роки во сосема необични креации на МЕТ ГАЛАТА

14 септември, 2021
327818_profimedia0632036625_ff

Мет Галата повторно собра многу познати личности кои го изненадија светот со своите стајлинзи

Американскиот рапер Асап Роки и пејачката Ријана синоќа се појавија на престижната Мат Гала во сосема необични комбинации. Нивните одела, односно наметката на Асап привлече големо внимание поради својата необичност, како и пуфнатиот фустан на Ријана.

Пејачката носеше долг црн фустан од Баленсијага со долги ракави, кој беше доста гломазен, додека со комплетната замисла за аутфитот додаде накит од Телма Вест, односно кристален ѓердан и интересен детал на главата како и црна капа. Заедно со оваа комбинација, таа одлучи да носи темна шминка и да направи бранови од нејзината коса.

Од друга страна, палтото на Асап, потпишано од ЕРЛ, најверојатно беше дел од перформансот бидејќи носеше црн костум со бела кошула и накит под него. Сето тоа му прилегаше убаво, па тој издивнуваше една гламурозна енергија.

Мет Галата, на која присуствуваше кремот на џет сетот и светската елита, се одржа синоќа во познатиот уметнички музеј во Њујорк, Метрополитен. Темата на овој моден настан беше американската независност, и многу познати личности се обидоа да одговорат на тоа, од кои, според некои модни критичари, Џенифер Лопез се издвои по својот стајлинг.