Се појави нов вид на коронавирус во Велика Британија: Итна анализа е во тек, потврдени се 16 случаи

24 јули, 2021
coronavirus-49446801920-830x0

Нов вид на коронавирус се анализира во Велика Британија, каде се потврдени 16 случаи на инфекција. Експертите од Институтот за јавно здравје на таа земја итно го анализираат новиот вид.

Како што рекоа, нема докази што сугерираат дека новиот вид ги прави вакцините помалку ефикасни.

Повеќето случаи се поврзани со патувања во странство и во моментов нема докази за локално пренесување.

Институтот за јавно здравје на Велика Британија спроведува лабораториски тестови за да се утврди влијанието на мутацијата врз однесувањето на вирусот.

Сето ова се случува во време кога бројот на случаи на инфекција со делта-вирус е зголемен од минатонеделната 33.716 на 286.765.

  • 16 случаи на инфекција со вирус Б.1.621 се потврдени низ целата земја, повеќето од нив се поврзани со патувања во странство и во моментов нема докази за локално пренесување – беше речено од британскиот институт.
escort - Korsan taksi