СЕГА Е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ ЗА ЗЕЛЕНА ДИЕТА: Едноставна е, а до лето ќе ви донесе одлични резултати!

30 мај, 2021
Why-Is-It-Important-to-Eat-Green-Vegetables

Ако сеуште не сте се одлучиле за диета што ќе го доведе вашето тело до совршенство до лето, зелената диета е совршен избор за вас. Совршена е за овој период од годината, кога зелената храна, и овошјето и зеленчукот, се претежно достапни на пазарите.

Покрај тоа, оваа диета ви дава доволно слобода за креативност при избор на оброк. Секако, како и секоја диета, така и зелената диета има доволно силни правила што мора да ги следите. Ако ја изберете оваа диета и добро се подготвите за неа, резултатите нема да изостанат, а во исто време ќе добиете можност да ја промените вашата исхрана и да замените сè нездраво – здраво.

Зелената диета се состои од овошје, зеленчук и цели зрна, така што витамини, минерали, влакна и други важни хранливи состојки успешно го ослободуваат организмот од токсините и овозможуваат здраво слабеење.

Правилата на зелената диета

Секој ден се јаде според многу сличен распоред, но изборот и комбинацијата на храна зависи од вас. Само неколку важни совети што треба да ги следите:

  • зеленчукот мора да биде свеж
  • зеленчукот мора да се одгледува дома, по можност од органско земјоделство (ако ништо друго, барем купен од пазар)
  • подгответе ги сите оброци сами
  • подгответе ги сите оброци непосредно пред консумирање

Пример на исхрана:

Веднаш по будењето, испијте чаша свежо исцеден овошен сок.

Појадок – свежо овошје, 1 порција.

Ужина – салата од свеж зеленчук, 1 тост леб од интегрално брашно, супа од зеленчук или чаша млеко.

Ручек – свеж зеленчук, компир или ориз.

Вечера – мешана салата.

escort - Korsan taksi