Широк фустан и најобични влечки за ручек: Ирина Шајк покажа дека и во опуштено издание може да шета по улиците

19 август, 2021
326389_profimedia0627702761_ff

Руската манекенка Ирина Шајк прошета низ Лос Анџелес во целосно опуштено издание со пријателите

Руската манекенка Ирина Шајк одлучи да оди на ручек со своите пријатели и во таа прилика ја прошета необичната облека и заносните нозе низ улиците на Лос Анџелес.

За оваа прошетка, таа избра преголема блуза со разновидни шари на која доминираше розовата боја. Таа и беше до половина од бутовите па ги истакна нејзините совршени нозе.

Од накит одлучи да стави два ѓердани, прстен и розова нараквица, додека од детали имаше и темни очила и венче со кое ја крена косата.

Интересен детал беше малата торба што ја носеше и ја спои со црни, рамни влечки со два ремени, што на оваа комбинација и даде целосна лежерност.

Како ви се допаѓа нејзиното издание?

escort - Korsan taksi